Нашето искуство вклучува асистирање на многу од клиентите во постапки за меѓународни јавни набавки. Некои примери вклучуваат:
– Правно помош на конзорциум на странски банки во подготвувањето на понудата во меѓународна постапка за доделување договор за јавна набавкаобјавена од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија за избор на консултант за технички, финансиски и правни работи при изработка на студија за воведување на модел за развој на аеродром Александар Велики Скопје и аеродром Св. Апостол Павле Охрид;
– Правна помош на конзорциум составен од познати странски друштва во подготовката на понуда во меѓународна постапка за доделување договор за јавна набавка објавена од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија за избор на консултант за подготовка на сите фази од процесот на доделување концесии за наплата на патарина; Правно советување на потенцијален купувач на ХЕ Неготино Македонија;
– Правно помош на странско друштво во подготовката на понуда во меѓународна постапка за доделување договор за јавна набавка објавена од страна на Владата на Република Македонија за набавка на систем за издавање на нови документи за идентификација на граѓаните на Република Македонија;
– Правна помош на италијанско друштво во подготовката на понуда во меѓународна постапка за продажба на Фабрика за метални конструкции Искра Инженеринг Куманово Македонија;
– Правна помош на друштво од Обединетото Кралство како потенцијален купувач на државни побарувања во Рудници и Железара Топилница АД Скопје во стечај;
– Правна помош на потенцијален купувач на Ладна валавница АД Скопје и Топла валавница АД Скопје, и многу други.