АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА КИМОВА е основана 1995 година како самостојна професионална дејност на адвокат Дори Кимова, која низ годините прерасна во адвокатско друштво.

Непрекинатата работа проследена со континуираните стремежи за професионално усовршување и раст ни овозможија да прераснеме во една од водечките македонски адвокатски друштва во областа на трговското право. Нашиот посветен и професионален тим на партнери и соработници, поддржан од административниот персонал, ни овозможија да можеме на високо ниво да одговориме на потребите на нашите клиенти, и отворија пат кон редовно ангажирање на друштвото во значајни проекти.

Сите овие години одблиску го следиме развојот на македонскиот пазар, фокусирајќи се на висококвалитетно застапување на интересите на нашите клиенти, стекнувајќи притоа реноме на адвокатско друштво кое нуди темелна, промислена и одговорна правна помош. Со гордост ја нагласуваме нашата способност да проникнеме во специфичните потреби и барања на нашите клиенти како и нашата подготвеност да се посветиме на нивните деловни цели и да понудиме стратегии за нивно постигнување.