Партнер

Владимир Банџо

Владимир дипломираше на Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, Правен факултет во 2007 година, по што продолжи на мастер студиите по кривично право успешно завршувајќи ги во 2011 година откако ја одбрани својата магистерска теза: “Положбата на оштетениот како супсидијарен обвинител во македонската кривична постапка”.

Во 2013 го положи правосудниот испит по што истата година се впиша во регистарот на адвокати при Адвокатската комора на Македонија.

Неговата пракса главно опфаќа застапување на клиенти, правни и физички лица, домашни и странски, во постапки за наплата на парично побарување, извршна постапка, во судски постапки за заштита на авторско право и сродни права. Исто така поседува значајно искуство во широк спектар на граѓански предмети како што се наследување и семејни односи. Владимир има значајно искуство и со разни прекршочни постапки против друштва и нивните одговорни лица, и тоа во областа на царината, земјоделството, транспортот, вработувањето, здравје и заштита при работа и сл. кои се вообичаено врзани за функционирањето на трговските друштва. Владимир исто така застапува во кривични предмети врзани за функционирањето на друштвата. Исто така е значајно вклучен во застапување во разни управни постапки врзани за издавање на дозволи за работа и престој на странски државјани, како и во други видови постапки за издавање дозволи и акредитации.

Уште на почетокот на својата кариера се докажа како врвен професионалец со што го обезбеди местото на партнер во Адвокатска канцеларијај Кимова во 2015 година.

Говори: македонски, англиски, српски и хрватски јазик.