Помлад Соработник

Златко Спировски

Златко дипломираше на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, Правен Факултет Јустинијан Први во 2013 година. Во моментот работи на својата мастер теза од областа на интелектуалната сопственост насловена: Очекуваните придобивки од Европските реформи од 2016 кои се однесуваат на трговските марки. Стана дел од тимот на Адвокатска канцеларија Кимова во 2014 година.

Неговата пракса опфаќа застапување во постапки за наплата на побарувања, извршна постапка и застапување пред управните органи (Агенција за катастар на недвижности, Царинска Управа, Централен регистар на РМ и Агенција за вработување).

Неговата пракса исто така опфаќа и предмети врзани за даночно право, право на пезиско осигурување, стварно право и заштита на интелектуална сопственост.

Говори: англиски, италијански и во моментот изучува германски јазик.