Помлад Соработник

Тања Стаменова

Тања дипломираше на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, Правен Факултет Јустинијан Први во 2013. Го продолжи своето образование запишувајќи се на постдипломските студии по граѓанско право на истиот факултет. Во 2015 ги заврши мастер студиите со одбрана на магистерската дисертација на тема: Договор за доживотна издршка.

Поседува приправничко искуство од една година во Основен суд Скопје 2 Скопје.

Во 2016 успешно го положи правосудниот испит и истата година му се приклучи на тимот на Адвокатска канцеларија Кимова. Нејзината специјалност главно опфаќа судски предмети, трговски и граѓански, предмети за намирување на долг и извршни предмети. Нејзиниот ангажман опфаќа и состав на различни граѓански договори.

Тања е активен член на Здружението на граѓани, Институт за правно-економски истражувања и едукација Iuridica Prima. Тоа и овозможува постојано надоградување на образованието и вештините преку присуството на различни семинари и конференции во различните области на правото.

Говори: македонски, англиски, грчки и германски.