Соработник

Магдалена Лазаревска

Магдалена дипломираше на Правниот факултет Јустинијан Први, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје во 2007 година.

Нејзината пракса главно опфаќа предмети од областа на заштитата на интелектуалната сопственост и состав на трговски договори. Како лиценциран застапник од областа на индустриската сопственост значително успешно раководи со предметите кои се однесуваат на регистрација на трговски марки и индустриски дизајни како и застапување и советување што произлегуваат од тие области. Нејзиниот стручен совет е еднакво значаен и во предметите кои се однесуваат на повреда и заштита на авторско право, како и правна помош на органите на нашиот постојан клиент, Здружението за колективно управување со правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи во Република Македонија.

Нејзиното искуство како долгогодишен постојан судски преведувач и толкувач од англиски јазик е непроценливо за тековното работење на тимот на Адвокатска канцеларија Кимова.

Говори: македонски, англиски, италијански, српски и хрватски јазик.