Партнер

Јасмина Туманова

Јасмина дипломираше на Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, Правен факултет во 2001 година. По положувањето на правосудниот испит во 2004, беше официјално запишан во регистарот на адвокати при Адвокатската комора на Македонија во 2006 година.

Нејзината пракса се состои од обезбедување правна помош во сите области на деловното право, со посебен нагласок на договорното право, стечајното право и индустриската сопственост. Во нејзината пракса врзана за застапување во судска постапка, има застапувано бројни домашни и странски клиенти во разни видови на стопански спорови, како спорови за намирување на долг, исполнување/раскинување на договори, заштита на имотни права и др., потоа застапување на клиенти во својство на стечајни должници и доверители и во споровите што од тоа произлегуваат. Јасмина исто така обезбедува правна помош на клиенти во подготовката за учество во постапки за јавна набавка и поврзаните судски спорови. Покрај деловното право, искуството на Јасмина вклучува и правна помош во областите на граѓанското право како што се облигационото право, семејното право и сопственичко право, како и застапување на правните интереси на клиентите во постапка на извршување и разни управни постапки.

Нејзината пракса значително опфаќа учество во длабински правни анализи, и поврзани трансакции како што се присоединување и преземање.

Член е на Адвокатската комора на Македонија и Здружението на правници од стопанството.

Со повеќе од 15 години искуство и активна посветеност, Јасмина со своите извонредни квалитети се докажа како клучен член на тимот на Адвокатска канцеларија Кимова и поради кои во 2013 година го стекна статусот на партнер.

Говори: македонски, англиски и српски јазик.