ПОСТАР СОРАБОТНИК

Илија Бајрамчески

Илија дипломираше на Правниот факултет Скопје во 1984 година. Поседува извонредно искуство од 28 години во областа на правото на друштва, вклучувајќи основање на друштва, пренос на удели, статусни промени, зголемување и намалување на основна главнина, промена на формите на друштвата, именување и разрешување на управител/и и членови на управни и надзорни одбори, ликвикација, и сите други промени за кои е задолжителен упис во соодветниот регистар при ЦРМ. Пред да се приклучи кон тимот на Адвокатска канцеларија Кимова во 2012 година, беше со-основач, содружник и правен советник во Ким Консалтинг ДОО Скопје, водечко консултантско друштво вклучено во најзначајните случаи на приватизација и реструктуирање на претпријатијата со општетсвен капитал во Република Македонија. Неговата пракса таму опфаќаше ангажман во најголемите процес на приватизација согласно Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал и во поголемите случаи на странски инвестиции во Република Македонија.

Неговата пракса исто така опфаќа и ангажман при основање и регистрација на правни лица согласно други закони, како што се здруженија на граѓани, трговски комори, институции од различни области, како што се здравство и образование, и исто така застапување на клиенти во други видови на управни предмети.

Областа на човечките ресурски опфаќа значаен дел од неговата пракса.

Говори: македонски, англиски, српски и хрватски јазик.