Партнер

Џани Манев

Џани дипломираше на Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, Правен факултет во 2001 година. По положувањето на правосудниот испит во 2004, беше официјално запишан во регистарот на адвокати при Адвокатската комора на Македонија во 2006 година.

Поседува широко искуство во застапувањето на клиенти во комплексни судски постапки во различни области на трговското и граѓанското право со импресивен процент на успешно завршени предмети. Неговото значајно искуство опфаќа спорови помеѓу акционери, односно содружници и трговски друштва, спорови кои произлегуваат при реализацијатана разни видови стопански договори, надомест на штета, работни спорови, мобинг, повреда на авторско право и сродни права, спорови во врска недвижности и сл.

Џани исто така обезбедува правна помош во врска со прашања од корпортаивното управување на трговски друштва, состав на договори , авторско право и сродни права и работни односи.
Неговата пракса исто така значително опфаќа и учество во длабински правни анализи и поврзаните трансакции како што се присоединување и преземање.

Член е на Адвокатската комора на Македонија и Здружението на правници од стопанството, како и член на управни и надзорни органи во различни невладини организации од областа на човековите права и заштитата на животната средина.

Со повеќе од 15 години искуство и активна посветеност на правото, Џани се докажа како стабилен лидер и раководител во секоја дадена околност, квалитети поради кои прерасна во клучен член на тимот на Адвокатска канцеларија Кимова и поради кои во 2013 година го стекна статусот на партнер.

Говори: македонски, англиски, албански и српски.