Адвокат

Душан Босиљанов

Душан дипломираше на Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, Правен факултет во 2009 година, по што продолжи на мастер студиите по деловно право, успешно завршувајќи ги во 2012 година откако ја одбрани својата магистерска теза „Зголемувањето на вработеноста во Република Македонија преку искористување на ИПА фондовите на Европската унија“.

Во 2017 година го положи правосудниот испит по што од јули 2018 година се впиша во регистарот на адвокати при Адвокатската комора на Република Македонија.

Душан обезбедува правна помош на бројни македонски и меѓународни компании, за различни прашања од нивното тековно работење, со фокус врз спроведувањето на македонските закони за работните односи и трговските друштва.

Душан како дел од својата работа, обезбедува правна помош во врска со прашања од корпоративното управување и составувањето на трговски договори. Исто така, неговата пракса опфаќа значително искуство во изработка на длабински деловно правни анализи.

Душан е Докторанд на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Правниот факултет Јустинијан I. Автор е на неколку експертски анализи од деловното право и има објавено повеќе од 10 меѓународни научни списанија од областа на деловното право.

Говори: македонски, англиски, српски и хрватски јазик.