ОСНОВАЧ И УПРАВУВАЧКИ ПАРТНЕР

Дори Кимова

Дори има дипломирано на Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, Правен Факултет во 1985, стекнувајќи се со звање дипломиран правник. По положувањето на правосудниот испит во 1994 истата година се запиша во регистарот на адвокати при Адвокатската комора на Македонија.

Пред да започне со објавување на адвокатурата како самостојна професионална дејност во јануари 1995 година, Дори беше еден од соосновачите и работеше како правен советник во Ким Консалтинг ДОО Скопје, водечка консултантска компанија која беше вклучена во најголемите случаи на приватизација и реструктуирање на претпријатијата со општествен капитал во Република Македонија.
Нејзината визија, лидерство, одлучност и посветеност придонесоа нејзината адвокатска канцеларија да прерасне и да биде признаена како една од водечките македонски адвокатски друштва во областа на деловното право.

Дори поседува повеќе од 29-годишно искуство во областа на деловното право. Обезбедува правна помош на бројни македонски, странски и меѓународни компании, за различни прашања од нивното тековно работење, со фокус врз спроведувањето на македонскиот Закон за трговски друштва, вклучително, состав на договори помеѓу содружници, решавањето споровите помеѓу содружниците, односно акционерите и трговските друштва итн. Исто така, спроведува длабински правни анализи и составува извештај во врска истите, во контекст на различни трансакции, вклучувајќи преземање на трговски друштва и сите видови статусни промени.
Редовно соработува со своите клиенти во развивање стратегии за избегнување или намалување на евентуални судски постапки.

Нејзината пракса и специјалност го вклучуваат и нејзиниот редовен ангажман при составување на сите видови трговски договори и преговарање на истите, како и преглед на понудени договори и нивно усогласување.

Работите од областа на трудовото право се исто така дел од нејзината пракса. Поседува извонреден резултат во случаите на правна помош на клиенти во постапки на откажување на договорите за вработување, застапувајќи ја страната на работодавачот, при што, во сите случаи во кои била вклучена, вработените воопшто не покренале судска постапка за поништување на одлуката за отказ пред надлежен суд, што инаку е редовен случај во практиката.

Специјалноста на Дори исто така вклучува и заштита на интелектуална сопственост. Носител е на лиценца за застапник од областа на индустриската сопственост пред Државниот завод за индустриска сопственост.
Најзначајниот сегмент од оваа област на нејзината специјалност е фактот што Дори претставува еден од иницијаторите за оживотворување на колективното управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи во Република Македонија. Преку поттикот и поддршката на неколку носители на правата, еминентни имиња од македонската музичка индустрија и големи ентузијасти кои имаа чувство, визија и храброст да се фатат во костец со сите опструкции кои се појавија на патот на етаблирањето на овој процес, обезбедувајќи постојана правна помош во текот на основањето на организацијата, постапката на добивање на дозволата за колективно управување и понатаму, континуирано, во текот на целиот процес на етаблирање на колективното управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи во РМ, Дори значително допринесе во овој процес на воспоставување и спроведување на колективното управување на правата на музичките продуценти и изведувачи во Република Македонија, што пак и овозможи да се стекне со меѓународно професионално реноме во оваа област.

Нејзиното постојано назначување за член на надзорни одбори во трговски друштва, и член на управни одбори на многу професионални здруженија и трговски комори во Република Македонија, се уште едно признание за нејзиниот статус на висококвалитетен професионалец во областа на деловното право.

Говори: македонски, англиски, српски и хрватски.