Се справуваме со сите видови на сложени судски постапки, вклучувајќи постапки со повеќе учесници на обете страни, и вршиме редовно застапување на клиентите пред домашните надлежни судови од сите судски инстанци, почнувајќи од основните судови до Врховниот суд на Република Македонија, како и арбитража, медијација и други облици на алтернативно решавање на споровите.

Нашите клиенти вклучуваат поединци и мали бизниси, како и големи компаниии, домашни, странски и меѓународни. Без оглед на нивната големина, потеклото или видот на дејноста која ја обавуваат, ние се ангажираме со истата посветеност, работејќи одговорно и трудејќи се да ги застапуваме на најдобар можен начин во остварувањето на нивните интереси и во изнаоѓањето на најдоброто можно решение за нив.
Нашата цел е постигнување на поволен исход на најекономичен начин и во најкус можен рок.