АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА КИМОВА поседува богато искуство во обезбедувањето на правна помош од областа на заштитата на интелектуалната сопственост.

Нашата пракса во областа на индустриската сопственост опфаќа редовно застапување пред Државниот Завод за Индустриска Сопственост, во сите фази на постапките пред овој орган. Составуваме и договори за лиценца и ги застапуваме нашите клиенти во постапката за нивно регистрирање. Застапување на клиентите во судски спорови од оваа област, опфаќа исто така значителен дел од нашата пракса.

Заштитата на авторското право и сродните правае една од областите во кои имаме значителни достигнувања. Се гордееме со фактот што имаме значителен придонес, како од идеен, така и од практичен аспект, на основањето и етаблирањето на организација за колективно управување со правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувач во Република Македонија. Преку овозможувањето на целосна логистичка и правна помош на Адвокатска канцеларија Кимова, ова здружение прибави дозвола за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и музичките изведувачи. Денес, обезбедуваме непрекината поддршка на ова здружение во остварување на неговата мисија преку правно советување и застапување пред надлежните судови во бројни судски постапки во врска со наплата на надоместоците за радиодифузно и други видови на јавно соопштување на фонограми во РМ.