Застапуваме различни клиенти во поедноставената постапка за наплата на парично побарување која започнува пред нотар со барање за издавање на нотарски платен налог, врз основа на фактури и други веродостојни исправи, кои го поткрепуваат побарувањето, при што нотарот издава решение за платен налог врз основа на веродостојна исправа. Нашето застапување во овие постапки продолжува и во случај кога должникот ќе го оспори ова решение во рок од 8 дена од приемот на истото при што постапката продолжува пред надлежен суд.
Ги застапуваме нашите клиенти и во сите видови постапки на извршување пред надлежни извршители на целата територија на РМ.