Деловното право е наша главна област од самите почетоци на нашето дејствување. Нудиме спектар на правна помош во врска управувањето со трговските друштва како и останатите аспекти и усогласеност со Законот со трговските друштва. Нашите адвокати специјализирани за трговското право се редовно инволвирани во сите значајни стадиуми од функционирањето на друштвата. Обезбедуваме поддршка при основање на сите форми на трговски друштва и ги следиме во сите нивни понатамошни формално-правниобврски, водејќи притоа сметка за поставените деловни цели и стратегии. Сметаме дека задолжителните правни акти и останатата документација предвидена со законите, вклучително и оние кои ги следат облигационо-правните односи, не претставуваат цел сама за себе, туку истите претставуваат инструментална поддршка и заштита во остварување на деловните цели на клиентот. Имајќи го тоа предвид, го користиме нашето богато практично искуство исоодветните вештини во создавањето на правни решенија кои соодветствуваат на тие потреби.

Ние сме овластен регистрационен агент од страна на Централниот регистар на Република Македонија за сите видови на задолжителни уписи во трговскиот регистар согласно Законот за трговски друштва, како и уписи во останатите регистри согласно другирелевантни закони. Обезбедуваме правна помош при регистрација на трговски друштва, подружници на странски трговски друштва и претставништва, при тоа обезбедувајќи советување во врска изборот на најсоодветната форма. Ги составуваме договорите меѓу содружниците и сите други видови потребни акти при основањето на друштвата, како и сите други акти предвидени во соодветните постапки за кои следува обврска за задолжителен упис во трговскиот или останатите регистри (промена на назив/седиште/форма, акционер/и и акционерски капитал, главна дејност, законски застапник/ци, адреса на електронска пошта и сл.). Исто така обезбедуваме правна помош при процесите на статусни промени, зголемување или намалување на основната главнина, промена на формата на друштвото, стечај, ликвидација на друштвото, и останатите правни работи поврзани со корпоративни трансакции.