НАД 20 ГОДИНИ УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ ВО ОБЛАСТА НА ДЕЛОВНОТО ПРАВО

Во оваа нова ера, одлучни сме и посветени на обезбедувањето квалитетна правна помош која соодветствува, но и ги надминува очекувањата на клиентите.

Нашиот тим на правници е целосно и континуирано фокусиран на обезбедување високо стручна правна помош, при што посветеноста и градењето на соодветни стратегии за секој поединечен клиент е издигната до степен на совршенство. Насочени сме кон одржување на позитивна и тимска атмосфера на работа со клиентите со кои соработуваме преку заемно почитување и ентузијазам во остварувањето на заедничките цели. Континуираното надградување на нашата стручност и постојаните залагања да обезбедуваме високо квалитетна правна помош во континуитет се рефлектира во постојаноста на нашите клиенти и континуираното зголемување на делот од пазарот кој го опфаќаме.
Согласно Кодексот за професионалната етика на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници на Адвокатската Комора на Република Македонија, ја почитуваме забраната за означување на нашата интернет страница на називите на клиентите кои ги застапуваме или сме ги застапувале во минатото.
Доколку сакате да имате увид во нашата листа на клиенти, Ве молиме испратете ни електронска порака преку нашиот контакт образец.