Прekу 20 години лидерство во деловното право


КОИ СМЕ НИЕ?

АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА КИМОВА е основана 1995 година како самостојна професионална дејност на адвокат Дори Кимова, која низ годините прерасна во адвокатско друштво.
Непрекинатата работа проследена со континуираните стремежи за професионално усовршување и раст ни овозможија да прераснеме во една од водечките македонски адвокатски друштва во областа на деловното право. Нашиот посветен и професионален тим на партнери и соработници, поддржан од административниот персонал, од кои секој постојано се стреми да ја понуди својата експертиза и потребните ресурси, ни овозможија да можеме на високо ниво да одговориме на потребите на нашите клиенти, и ни отворија пат кон редовно ангажирање на друштвото во значајни проекти.
Сите овие години одблиску го следиме развојот на македонскиот пазар, фокусирајќи се на висококвалитетно застапување на интересите на нашите клиенти, стекнувајќи притоа реноме на адвокатско друштво кое нуди темелна, промислена и одговорна правна помош. Со гордост ја нагласуваме нашата способност да проникнеме во специфичните потреби и барања на нашите клиенти како и нашата подготвеност да се посветиме на нивните деловни цели и да понудиме стратегии за нивно постигнување.

ОБЛАСТИ



Деловното право е наша главна област од самите почетоци на нашето дејствување. Нудиме спектар на правна помош во врска управувањето со трговските друштва како и останатите аспекти и усогласеност со Законот со трговските друштва. Нашите адвокати специјализирани за трговското право се редовно инволвирани во сите значајни стадиуми од функционирањето на друштвата. Обезбедуваме поддршка при основање на сите форми на трговски друштва и ги следиме во сите нивни понатамошни формално-правни обврски, водејќи притоа сметка за поставените деловни цели и стратегии.
Прочитај повеќе
public procurement

Нашиот ангажман во спроведување на правни длабински анализи се протега на бројни познати македонски трговски друштва.
Прочитај повеќе
public procurement

Ги застапуваме нашите клиенти и во сите видови постапки на извршување пред надлежни извршители на целата територија на РМ.
Прочитај повеќе
contracts services

Нашиот пристап вклучува составување на договори кои соодветсвуваат на специфичните потреби на нашите клиенти и со тоа обезбедуваме целосна правна заштита на нивните деловни интереси. Имаме значајно искуство во состав, преглед и преговарање на сите видови деловни договори , како и договори помеѓу приватни лица и помеѓу правни и приватни лица. Нашата способност да одговориме на секој поединечен аспект на секојдневното работење на нашите клиенти наидува на широко признание од нивна страна.
Прочитај повеќе
litigation services

Се справуваме со сите видови на сложени судски постапки, вклучувајќи постапки со повеќе учесници на обете страни, и вршиме редовно застапување на клиентите пред домашните надлежни судови од сите судски инстанци, почнувајќи од основните судови до Врховниот суд на Република Македонија, како и арбитража, медијација и други облици на алтернативно решавање на споровите.
Прочитај повеќе
ip protection services

Нашата пракса во областа на индустриската сопственост опфаќа редовно застапување пред Државниот Завод за Индустриска Сопственост, во сите фази на постапките пред овој орган. Составуваме и договори за лиценца и ги застапуваме нашите клиенти во постапката за нивно регистрирање. Застапување на клиентите во судски спорови од оваа област, опфаќа исто така значителен дел од нашата пракса.
Прочитај повеќе
labor and employment services

Нашата канцеларија остварува долгогодишна соработка со многу од нашите клиенти во оваа област, справувајќи се со цел спектар на прашања кои произлегуваат од истата, како што се: регулаторна рамка; регрутирање и вработување; договори за вработување за сите нивоа на вработени и ангажирани лица; колективни договори на ниво на работодавач; организациска структура;
Прочитај повеќе
public procurement

Нашето искуство вклучува асистирање на многу од клиентите во постапки за меѓународни јавни набавки. Некои примери вклучуваат: – Правно помош на конзорциум на странски банки во подготвувањето на понудата во меѓународна постапка за доделување договор за јавна набавкаобјавена од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија за избор на консултант за технички, финансиски и правни работи при изработка на студија за воведување на модел за развој на аеродром Александар Велики Скопје и аеродром Св. Апостол Павле Охрид;
Прочитај повеќе
public procurement

Нашата пракса во областа на управното право се состои од застапување во различни видови на управни постапки предвидени во македонскиот правен систем, како и застапување пред Управниот суд на Република Македонија во спорови кои произлегуваат од оваа област.
Прочитај повеќе

ПРОЦЕНА НА СЛУЧАЈ

ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ НАШИТЕ ПРАВНИЦИ

Канцеларија Скопје

  • Адвокатска канцеларија Кимова
    “Васил Главинов” 3/1-1
    1000 Скопје,
    Македонија

  • Телефон: +389 2 3132 114
  • Факс: +389 2 3211 383
  • Е-маил: office@kimova.com.mk